Велика Британија е најголем купувач на руското злато. 

Извозот на руското злато пораснал за 220 отсто на годишно ниво на 26,5 тони во март.  Велика Британија останува најголем купувач на руско злато, со откупени 21,1 тон кои чинат 1,2 милијарди долари. Но, не се знае дали откупеното злато ќе остане во Велика Британија или ќе се продава на други земји, затоа што Лондон е важен светски центар за трговија и складирање на благородни метали. Околу 1,5 тони руско злато се извезени во Турција и Индија, а меѓу купувачите се Казахстан, Швајцарија, Ерменија и други земји.

Во 2020 година најмногу злато купиле Турција, Индија и Русија.