Зошто молчи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот Еуростандард банка? Поминува една цела година од најголемиот грабеж на банка во нашата земја во последните две децении. Ниту една институција во државава не се осмели да коментира ниту да преземе нешто за ниту една од објавените личности до сега, директно вклучени во организираниот криминал и високата корупција, а ги има многу такви. Почнувајќи од високото раководство на Еуростандард банка и нивни помошници, потоа гувернерката и првиот тим на Народна банка, и се разбира сопствениците на фирми должници преку кои се покрале и поделиле нашите лични парични средства во форма на ненаплатливи кредити. Сопствениците на фирмите должници чии имиња ги објавивме до сега не коментираат бидејќи „позајмените“ пари ги немаат вратено од таму каде што ги зеле, а се земени за да не се вратат. Високите претставници на Народна банка не коментираат бидејќи очигледно биле длабоко навлезени во коруптивни дејствија во ограбената банка. Додека високото раководство на Еуростандард банка објавува приказни за замајување на јавноста, притоа воглавном игнорирајќи ги фактите за објавените фирми должници преку кои го организирале и спровеле масовниот грабеж на нашите пари доверени во банката.

Еве уште еден сличен, класичен пример на покрадени наши пари преку избрана фирма. Горан Србљак е сопственик и управител на фирмата за градежништво, промет и услуги Горекс ДООЕЛ експорт-импорт Скопје. Фирмата е основана во март 1994 година, има 7 вработени и е со седиште во општина Кисела Вода. Според извештајот за банката од стечајниот управник, фирмата Горекс должи околу 1.900.000 евра и нема платено ниту една рата 355 дена пред затворање на банката и за тоа време ништо не е ниту преземено од страна на банката.

За каква тоа фирма станува збор? Од увидот во билансите на фирмата во последните три години, од 2018 до 2020 година, долговите на фирмата се движеле од 2.950.000 до 3.320.000 евра, додека акумулираниот капитал на фирмата се движел од 31.000 до 32.000 евра. Или, околу 99 отсто задолженост. Со други зборови, долговите на фирмата биле од 92 до 105 пати поголеми од капиталот на фирмата. Во истиот тој период, финансискиот резултат на фирмата се движел од загуба од 133.000 евра до добивка од 750 евра.

Фирмата имала и има висока задолженост. Таа е неликвидна и не може да ги сервисира тековните обврски со тековните средства. Исто така, фирмата има висока кредитна изложеност од работењето. Фирмата имала и има најлоша бонитетна оценка. Таа е висоризична за соработка и заради тоа неможело и неможе да и се додели кредитен лимит.

Како оваа фирма добила така голем кредит од Еуростандард банка? Дали може да се замисли да фирма со вакви лоши перформанси по сите основи може воопшто да добие кредит од банка!?

Прашуваме, дали блиски роднински врски со некој од високото раководство на Еуростандард банка помогнале да се пласира ненаплатливиот кредит кон сопственикот на оваа избрана фирма Горекс? Каде всушност завршиле нашите лични парични средства „позајмени“ преку оваа фирма? За сето ова Горан Србљак може и треба добро да објасни доколку биде испрашан од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Се разбира, парите мора да ги врати од каде ги земал, а за неговата одговорност и учество во овој органиизран криминал треба да се произнесат обвинителите и судиите. Доколку се докаже овој криминал како што тврдиме декеа е направен, одговорност мора да има и преку наплата и од личниот имот или имотот на семејството на Горан Србљак. А тоа тоа важи и за сите останати сопственици на фирми должници кои го следеле овој пример. Нивните имиња следат.

Здружение „Оштетени штедачи од Еуростандард Банка“