Canvа претставува моќна алатка за дизајнирање. Основачот на Canva Мелани Перкинс, ја започнала својата кариера на 19 години. Нејзината идеја за стартап на Канва произлегла поради недостигот на програмите за дизајн кои биле скапи и сложени. Работниот ден и започнувал во дневната соба каде што секое сабајле читала твитови од корисниците за Канва и пишувала дневник.

Првите луѓе кои инвестирале за Канва биле познатите холивудски личности Овен Вилсон, Вуди Харелсон и Бил Тај. Моќната алатка за дизајнирање ја користат околу 25.000 организации. На 14 февруари 2023 година Канва објави официјално дека нивната заедница поминала 15 милијарди дизајни.