Зоран Ивановски иако е поранешен кандидат за пратеник во дијаспората од редовите на СДСМ, по составувањето на влада од страна на СДСМ тој е жесток критичар на нивните политики. На својот Фејсбук профил тој обелодени скандал од огромни размери.

Имено тој на Фејсбук тврди дека Трансмет не го добил тендерот за ископ на јаглен иако понудил помала понуда од 44 денари од GJ во РЕК Битола.

Тој ги обвинува Кочо Анѓушев и генералниот директор на ЕЛЕМ Миновски дека тенденциозно одбрале дупло поскапа понуда од 87.80 денари за ископ на јаглен од GJ. Со тоа според Ивановски го оштетиле буџетот на државата за неверојатни 400 милиони денари. Работата ја добила битолската компанија Пелистер која имала далеку поскапа понуда.

Тој вели дека станува класичен пример за корупција и дека во цената која ќе ја плаќа РЕК Битола е вклучена провизија за Анѓушев и Миновски. Во овие моменти директор на РЕК Битола е екс пратеникот на СДСМ Васко Ковачевски кој даде оставка од пратеничката функција за да стане директор.

РЕК Битола откако Ковачевски е директор го тресат низа скандали, меѓу кои и обвинувања за непотизам поради вработувањето на својот зет во РЕК Битола и отпуштање на повеќе од 130 лица поради партиска определба. Овој скандал е само последниот во низата кој го тресе ова претпријатие.