Барањето на злато се зголемува во последните месеци на 2017 година, достигнувајќи 6% раст на годишна основа во четвртиот квартал (Q4), за да достигне 1 095.8 тони. Меѓутоа, вкупната побарувачка за целата година се намалува со 7% до 4 071.7 тони, наспроти 2016 година (4 362 тони), според последниот извештај на Светскиот совет за злато (World Gold Council) за трендовите на побарувачката на злато.

Инвестициите во злато остануваат стабилни, додека инвестициите во монети се намалуваат за 10%. Слабеењето на секторот, со 2% до 1 029 т во однос на 2016 година, во голема мера се објаснува со драстичниот пад на побарувачката во САД, коja стигнува до 10-годишен минимум од 39 тони, и не успева да ги компензира силните добивки и во Кина , како и во Турција.

Централните банки ги зголемија златните резерви со едвај 371 тони во 2017 година, што е 5% помалку во однос на растот на резервите во 2016 година. Турција и се приклучи на Русија како најголем купувач меѓу централните банки.

Податоците се ажурирани на 1 февруари 2018 година . Во проценти е наведен износот на златните резерви од сите резерви на банката.

Во Топ 20 влегуваат:

20. Шпанија – 281,6 тони – 16,9%

19. Либан – 286,8 тони – 21,3%

18. Казахстан – 301 т – 40,2%

17. Обединето Кралство – 310,3 т – 8,5%

16. Саудиска Арабија – 322,9 т – 2,7%

15. Португалија – 382,5 т – 61%

14. Тајван – 423,6 тони – 3,7%

13. ЕЦБ – 504,8 тони – 28,2%

12. Индија – 558,1 т – 5,6%

11. Турција – 564,8 тони – 21,8%

10. Холандија – 612,5 т – 66,3%

9. Јапонија – 765,2 тони – 2,5%

8. Швајцарија – 1040 т – 5,4%

7. Русија – 1838,8 т – 17,7%

6. Кина – 1842,6 тони – 2,4%

5. Франција 2436 т – 64,9%

4. Италија – 2451,8 т – 67,5%

3. ММФ – 2814 тони

2. Германија – 3373,6 тони – 70,2%

1. САД – 8133,5 т – 75%