Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информира дека Ненад Јосифовиќ, претседател на Надзорниот одбор на банката се стекнал со 2.624 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола.
„По промените во сопственоста, вкупниот број на акции кои ги поседува во Стопанска банка а.д. Битола изнесува 19.280 акции.
Александра Радевска, член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, се стекна со 1 123 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. По промените во сопственоста, вкупниот број на акции кои ги поседува во Стопанска банка а.д. Битола изнесува 1.123 акции“, соопшти банката.