Просечната бруто плата во Германија е 56.985 евра годишно, како што е прикажано во извештајот на StepStone за платите за 2021 година.

Во однос на просечната плата, најдобро стојат во јужна Германија – Баварците заработуваат во просек по 60.013 евра бруто годишно, жителите на Баден-Виртемберг 60.182 евра, а во Хесен дури 60.936 евра годишно.

Резултатите од онлајн платформата за вработување StepStone покажуваат и – одговорноста на персоналот се исплати, во вистинска смисла на зборот.

Со 66.130 евра, бруто менаџерите добиваат во просек 16.500 евра повеќе од квалификуваните работници без кадровска одговорност.

Големи разлики постојат и меѓу професиите.

Лекарите имаат просечен годишен бруто приход од 100.762 евра, банкарите во просек добиваат 62.744 евра, а адвокатите 68.642 евра.

Продавачите, пак, заработуваат само околу 24.000 евра годишно, а медицинските сестри кои се грижат за стари и болни околу 39.600 евра годишно, пишува порталот Bildung.de.