Македонците ги заменија хартиените банкноти со пластични: дали и српскиот динар го чека истата судбина – е насловот на статијата која во понеделникот беше објавена во српски Телеграф.

 

На прашањето на Телеграф дали и Србија ќе го следи овој тренд, Народната банка на Србија одговара дека засега монетарните власти не планираат емисија на банкноти изработени од полимер. Според нив, пластичните банкноти покрај предности, имаат и маани како што се:

– Трошокот за нивно производство е поголем отколку за хартиените;

– Ракувањето е со овие банкноти е отежнето кога постои влага

– Бојата избледува кога се изложени на сонце

Само неколку земји меѓу кои Австралија како пионер во воведувањето на полимерните банкноти, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи и Романија ги имаат заменето традиционалните хартиени банкноти со полимерни, а на ова семејство од 15-ти мај му се приклучи и Република Македонија откако Народната банка во оптек ги пушти новите 10 и 50 денарки.