Кои котирани компании на Берзата биле најпрофитабилни во минатата година, и тоа во година што важеше за проблематична од многу аспекти. Почна војната во Украина, политичката нестабилност во светски рамни беше голема како што не била многу одамна, а цените на енергенсите отидоа до небо, што, пак, ги разгоре и другите цени и ја вивна инфлацијата. Според анализата на „Фктор“ најинтересни се осум компании и банки чии профити се мерат во милијрди денари, но и во милиони евра.

Сепак, топ македонските компании и банки покажаа дека и во кризни години можат да работат успешно и дури и да ги зголемат своите профити, иако кај некои има благо намалување на добивките во однос на претходната 2021 година.

Берзата ги објави сумираните податоци за финансисиските резултати во минатата година, кои говорат дека лани со добивка завршиле 72 компании, наспроти 73 во 2021 година. Со загуба, пак, работеле 18 акционерски друштва, исто колку и претходната година.

Кои се осумте македонски милијардери?!

Прво место е Стопанска банка Скопје, со добивка остварена лани од 2,44 милијарди денари, што е рамно на 39,7 милиони евра, или близу на 40 милиони, фантастичен финансиски резултат кој говори за успешното работење на најстарата македонска банка. Во однос на претходната година финансискиот резултат има само минорно и воопшто незначително намалување од 0,9 проценти.

Буквално во врат на Стопанска банка Скопје и дише уште една голема банка, и тоа НЛБ Банка, која минатата година се закити со чист профит од 2,43 милијарди денари, или 39,6 милиони евра. Практично за малку оваа банка доаѓа на втората позиција, што е одличен резултат, особено ако се има предвид дека во однос на минатата година НЛБ Банка има зголемување на добивката од близу 10 проценти.

Третата позиција по профитабилност е резервирана за најголемата македонска банка, Комерцијална, која покажува дека секогаш умее да оствари прилично силен профит за своите акционери. Или, оваа наша банка лани работела со профит од 2,2 милијарди денари или 35,3 милиони евра, ико има благо намалување за 6,7 отсто во однос на една година претходно. Притоа треба да се напомене дека податокот е од консолидиран Биланс на успех на Комерцијална банка. Кои се другите профитери повеќе на „Фактор.мк“.