Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опорави од пандемијата на Covid-19 вирусот, а доказ за тоа е зголемената профитабилност на компаниите за претходната 2021 година. Македонските компании ја зголемиле добивката за 22,64 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 31 декември 2021 година три се банки и истите се наоѓаат на водечките три места по заработката.

Македонските компании кои котираат на Македонска берза за претходната 2021 година направиле профит од 273 милиони евра, што е за 50,5 милиони евра повеќе споредено со претходната 2020 година. Зголемувањето на профитабилноста на компаниите се должи на податокот дека во 2021 година дури 73 компании работеле со добивка, додека само 18 компании оствариле негативен финансиски резултат.

Компанија Нето-добивка (2021 година) во 000 МКД Нето-добивка (2020 година) во 000 МКД Разлика (споредено со 2020 година) Разлика (споредено со 2020 година) во %
Стопанска банка АД – Скопје 2.465.956 1.957.217 508.739 25,99
Комерцијална банка АД Скопје 2.328.320 1.939.134 389.186 20,07
НЛБ Банка АД Скопје 2.219.107 1.704.271 514.836 30,21
Македонски Телеком АД 1.591.293 1.603.171 -11.878 -0,74
Алкалоид АД Скопје 1.304.988 1.167.524 137.464 11,77

Од постигнатите резултати може да се забележи дека заживувањето на економијата и значителното олабавување на рестриктивните мерки во голема мерка влијаеа врз профитабилноста на компаниите.

Четири од петте водечки компании бележат зголемување на добивката во 2021 година во однос на претходната, а само Македонски Телеком АД Скопје бележи минимално намалување. Најголем раст на добивката гледано процентуално бележи НЛБ Банка АД Скопје, додека пак најмал раст на добивката бележи Алкалоид АД Скопје. Веќе подолг период, апсолутен лидер во целокупното рангирање е Стопанска банка АД – Скопје, но Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка опасно се приближуваат до самиот врв.

Со оглед дека од петте најпрофитабилни компании, три се банки, може да се истакне дека банкарскиот сектор во Македонија е убедливо најпрофитабилен!

Повеќе детали прочитајте на Банкарство.мк