Прометот со акции на „Стопанска банка Скопје“ вчера беше рекорден во период од 360 дена. Што тоа значи во моментите кога сите се напрегнатии очекуваат одлука за износ на дивиденда??? Ќе видиме што ќе донесе денот и дали некој знаел што прави?

Огромна побарувачка за акции на скопска „Стопанска банка“ во момнети кога инвеститорите очекуваат вести за распределба на дивидендата за 2017 година. Вчера беа истргувани 15.726 акции со право на глас во „Стопанска банка“ Скопје и беше направен промет од 14,54 милиони денари односно 235.000 евра. Во период од 360 дена ова е најголема трансакција со акции на „Стопанска банка Скопје“. Лани на 27 април беа истргувани 16.064 акции, а сега се истргувани само 338 акции помалку.

Просечната цена по која беа истргувани акциите на „Стопанска банка Скопје“ беше 924,53 денари, а акцијата се тргуваше во маргина од 940 до 923 денари за акција.

Што значи оваа трговија со повеќе од 15.700 акции со право на глас на „Стопанска банка Скопје“ сега пред објавувањето на одлуката за дивиденда? Ова е клучно прашање што интригира многумина акционери во една од најуспепните и најголеми домашни банки.

Останува да видиме дали вчерашниот огромен промет ќе влијае стимулативно на пазарот и дали ќе ги охрабри другите акционери и потенцијални акционери.

 

Нивото на нето приходи од камати лани е зголемено во однос на 2016 година и покрај тоа што се намалени вкупните приходи од камати во овој споредуван  период. Банката успеала да ги зголеми и приходите од провизии и од надоместоци до ниво од 981,8 милиони денари. Значаен раст има и кај останатите оперативни приходи кои се зголемени за 189 милиони денари односно за 55 отсто во однос на 2016 година. Банката лани успеала да оптимизира и со нефинансиските средства кои ги има на располагање и загубата на нивната вредност да ја намали за 28 отсто односно за 44 милиони денари во однос на 2016 година. Трошоците за вработени, амортизацијата и останатите трошоци од дејноста се во рамки на трошењата за тие ставки во 2016 година. Така банката стигнала до заработка по акција од 117 денари што е за 11 денари послабо од 2016 година.

Кредитните пласмани лани се зголемени за 2 милијарди денари до ниво од 60,66 милијарди денари, а истовремено со тоа депозитната база достигна ниво од 70,88 милијарди денари што е за 2,6 милијарди денари повеќе од 2016 година.

Извор:Фактор