Банките бележат најголемо зголемување кај потрошувачките кредити кои граѓаните ги земаат за отплаќање на подолг рок.

 

 

Како што соопшти НБРМ најмногу се задолжуваат домаќинства со месечни примања околу 30 000 денари.

 

Од централната банка посочуваат дека домаќинствата претставуваат значаен должник на банките и другите финансиски институции, одржувањето на нивната способност за отплата на долгот е од особено значење за севкупната финансиска стабилност.

 

„Во услови на висока побарувачка за банкарски кредити, главно станбени и за потрошувачка, долгот на домаќинствата и натаму расте. Тоа доведе до извесно влошување на дел од показателите за задолженоста на секторот, при забавен раст на расположливиот доход и на финансиската актива“, стои во Извештајот за финансиска стабилност на Република Македонија