Колку чини една недела во јуни во Грција, Турција, Албанија, Египет…?

Ако туристичката сезона се познава по првите пролетни аранжмани, тогаш ова лето туристичките агенции ќе имаат многу работа. Покрај летувањето преку нив, туристите се почесто ги користат и платформите за онлајн резервација и плаќање на сместувањата. Според нашите сознанија, туристичките агенции одлично поминале со велигденските арнажмани, а голем дел од нив се продадени и за Први мај и веќе се прават резервации за 24 – мај , кога исто така е неработен ден во чест на Кирил и Методиј.

Порталот „Пари“ ја разгледа летната понуда која, практично, почнува на крајот од пролетта, со првите денови на јуни. Се интересиравме за јунските пакет арнжамани преку туристичките агенции, но голем дел од нив се веќе продадени, затоа што за нашите сограѓани шпицот на сезоната веќе станува јуни кога има и пониски цени, но и попријатна темпратура. Нашето „скенирање“ на понудите на туристичките агенции покажа дека во фокус и ова лето е Грција, но има и патувања за Египет, Тунис, за повеќе летувалишта во Турција, а оваа година за прв пат има и директен лет за Кипар. Забележливо е дека цените се доста повисоки од лани и, практично, на почетокот на јуни, во Грција двајца не може да поминат без 260 евра за една недела. Само за сместување и превоз. Веќе традиционално, најевтино може да се помине во Албанија и во Црна Гора.

Грција

Грција има многу летувалиште и ќе се обидеме да ве информираме за раните термини на некои што се најатрактивни за нашите граѓани.

Од поблиските летувалишта, во областа Пиериа, во апартманско сместување – 7 ноќи во Неи Пори и во Олимпик Бич и Лептокарија во јуни 7-дневниот пакет од сместување и првоз чини меѓу 130 и 180 евра за човек.

Во областа Касандра – Пефкохори и Ханиоти се од 130 до 250 евра по човек за 7 ноќевања и превоз.

Во туристичките места во Ситонија се слични цените како и во Касандра. Понуди има за Неос Мармарас, Торони, Сарти…

Од подалечните дестинации, на Крф преку агенција може да се оди 7 дена, со платен превоз (без траектот) од 130 до 150 евра во јуни за еден човек.

На Лефкада, седумдневните аранжмани со превоз се од 160 до 230 евра.

Од 20 јуни до 22 август, за време на летната туристичка сезона, ќе има директен чартер лет од Скопје до Кипар. Ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Балкан холидеј ер“. Чартер летот се реализира во соработка на неколку туристички агенции од земјава – ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел. Агенциите најавија 7-дневен аранжман на база на ол инклузив со чартер лет од 889 евра по лице.

Албанија

За Албанија нема многу понуди преку туристички агенции, но познато е дека секоја година м

Македонците се повеќе ги посетуваат одморалиштаат на албанскиот брег. Побаравме понуди на booking. Во Голем на Јадранското море (познато одморалишта во близина на Драч) најниската понуда за една недела за двајца беше 9.694 денари. Во Валона, позната и по тоа што излегува и на Јадранското и на Јонското море, во близина на плажа има апартмани за двајца по 7.500 и 8.000 денари за една недела и тоа со површина од 50-тина квадрати. По ниски цени од над 8.500 денари, во првата половина од јуни сместување може да се најде и во близина на плажите на Јонското море – во Ксамил и во Саранда за период од една недела.

Црна Гора

Што се донесува до Хрватска и Црна Гора, можевме да забележиме дека агенциите не нудат некои пакет аранжмани за летен одмор, туку само обезбедуваат резервации за хотели.

Во Црна Гора хотелските сместувања се „солени“, но има многу поволни апартмани што се издаваат преку Booking. Најевтино е во Улцињ, каде што сместување за двајца може да се најде и за околу 6.000 денари за една недела, секако на почеток од јуни. Во Тиват, на Booking платфрмата за истиот период најевтините сместувања се околу 10.500 денари, а во Будва се нудат студија блиску до плажа и за 8.500 денари!

Хрватска

Цените Во Хрватска се високи и шаренолики, но колку за илустрација, од оние хотели што ни беа интерес на пребарувањето, може да се забележи – сместување со појадок од 80 евра на ден по човек во Дубровник, а во некои помали места по 50-тина евра. Но, на платформата Booking има повеќе понуди за околу 20.000 денари за една недела сместување и тоа во Дубровник, но таму, како што пренесоа оние што лани отидоа на сезонска работа, цените за сладолед, сендвичи, палачинки…. се многу високи.

Турција

Во Турција малкумина одат во индивидуална режија. Главно, се патува преку туристичките агенции со чартер летови и со ол-инклузив хотелски аранжмани. За Анталија, вообичаено аранжманите се шест или девет дена. Кај шестдневните цените се 1.200 евра за двајца, за термини по 12 јуни. Како што покажаа нашите пребарувања, понудата за датумите порано е веќе резервирана. Еден од најевтините аранжмани за двајца е за Кемер и чини 800 евра. За Бодрум пронајдовме авионски пакет и сместување на база на ол инклузив за двајца, за 1.000 евра. Обично хотелите нудат бесплатен престој за мали деца и попусти за поголемите деца.

Тунис

Пребарувањето на онлајн резервациите за Тунис за понудата во првата половина од јуни не даде резултати. Едноставно, повеќе нема слободни места. Во втората половина од тој месец двајца може да поминат 6 ноќи за 1.000 евра со авионски превоз, трансфери и хотелско сместување на база ол инклузив.

Египет

Во Египет дневните температури веќе се искачуваат до 32 степени Целзиусови. Сепак, Хугарда е омилена дестинација и во лето. На почетокот на јуни, шестдневен престој во некои од тамошните хотели чини околу 1.000 евра, цена во која е пресметан и чартер летот.