Пензиите ќе растат, со пресметка по нова методологија  – ова е единствениот одговор од Владата, но нема детали ниту кога ќе се случи зголемувањето, ниту колкаво би било.

Не се откриваат ниту контурите на новата методологија, но од здруженијата на пензионерите сугерираат во усогласувањето на пензиите да се земе предвид дел од зголемувањето на платите и дел од растот на трошоците за живот. Ниту тие немаат пресметки колку би се зголемиле пензиите според нивниот предлог, но очекуваат да биде прифатен од Владата.

„Пензионерите предлагаат… Овие предлози се засновани на соодветни пресметки, анализи, релевантни од аспект на пензискиот систем. Сметаме дека ќе бидат почитувани од власти бидејќи се во интерес на корисниците но се имаше и предвид поставевноста на пензискиот систем во нашата држава.“ изјави Станка Трајковска, претседател на сојуз на Пензионери.

Освен поголеми пензии, со растот на минималецот на 18 илјади денари, се најавуваат разговори и за зголемување на платите во јавниот сектор… Ова го отвори прашањето колку буџетот ќе може да ги издржи повисоките давачки за плати и пензии, во време на економска и енергетска криза ?! аналитичарот Горан Рафајловски за Канал 5 вели дека во услови кога цените на производите растат, нужна е потребата да растат и примањата на сите граѓани, но паралелно неопходни се и реформи во администрацијата..

„Во последни две години имаме инфлација која не сакаме да ја прикажеме.Средствата што ги примале пред 2 години не се исти со средства што ги примаат сега. Имате пензионери со минимални пензии едвај преживуваат и едвај лекови купуваат. Заслужуваат достоинствен живот и достоинствена старост. Да, треба да се промени методологија, да треба да се зголемат пензии. Кај администрација прво да се отпушти најмалку 30%, па да се мисли на зголемување на плати во администрација, бидејќи има превработеност која Македонија не може да ја издржи. “ истакна Горан Рафајловски, економски аналитичар.

Во моментов усогласување на пензиите се прави два пати во годината – според порастот на трошоци за живот. Во законот постои можност да пораснат и според платите и тоа ако минималната порасне за 15%, а просечната за 5 отсто. Но, за ова државата треба да донесе посебен акт. Во земјава има над 320 илјади пензионери, најмногу земаат старосна пензија. Инаку просечната пензија во земјава изнесува нешто повеќе од 16 илјади денари.