Според сајтот historynutshell.com и неговото истражување меѓу најбогатите се оние најголемите лидери на Европската унија – Германија и Франција.

На мапата кој ја има објавена прикажува европските земји и профитот што го генерирале во текот на 2017 година. Не е изненадувачки што меѓу најбогатите се најголемите лидери на Европската унија – Германија и Франција.

Според тоа Германија остварила приходи од 1.598 милијарди долари, Франција – 1.334, Велика Британија 984,4, Италија 884, 4 милијарди долари…

Потоа следува Шпанија, а по неа и големо изненадување од скандинавските земји. И покрај тоа што  важи за држава со добра благосостојба, Шведска оствари профит од само 274 милијарди.

Но земјите од Балканот, се меѓу оние со најниски примања.

Македонија е во друштво на налошо рангираните со заработка од 3,31 милијарди долари.

Косово е во катастрофална положба со 1,39 милијарди долари, потоа следи Црна Гора со 1,62 милијарди долари.

Многу подобри од нас се соседите Србија со 16,25 милијарди долари и Хрватска со профит од 25,79 милијарди.