Со новото назначување на директор на ФИТР – актуелна вест деновиве – ми текна на една случка од пред околу две години што лично мене ми се случи со Општина Охрид – поточно фамозното ЛЕР ( единица за локален економски развој ) во склоп на локалната самоуправа.

Имено, при идеја да се создадат услови за да се канализира, инаку најсилната софтверска сцена во Македонија – а таа е во Охрид, да се создаде современ start up hub кој ќе ги вмрежува овие лица, ќе создава напредни компании кои ќе извезуваат софтвер и ќе фатиме чекор со времето, како и уникатната можност Охрид да се движи кон светски позната дестинација за дигитални номади ( а ги има и сите атрибути – преубав е, евтин е и има многу што да понуди ), дојдов до луда идеја заедно со локалната самоуправа да се основа бизнис акселератор кој ќе формира индиректно и ќе помага – директно – формација на старт-апи. И сето тоа вака нормално делува се додека не отидеш на состанок со supreme command на општината. Ај што побрзо ќе букираш состанок со Ангела Меркел, дури и кога дојде состанокот со одговорни лица – кој на чуден начин се одржа на 2 места во 2 различни времиња, бидејќи екселенциите ( Охридскиот џган – Г. Прличев ) им е тешко или се многу бизи да бидат на 1 место во 1 договорено време.

Состанокот смејурии, градоначалникот е нонстоп на телефон и зборува за некоја улица која во моментот се асфалтира и има некој проблем, па во стилот на Елиот Нес дава извршни команди што точно инжинерот треба да направи. Одговорните во ЛЕР – баш ставени во лер и чекаат онлајн инжинерот што ќе кажит. Како што оди состанокот , сваќаш дека нивната намера била да се издава уствари деловен простор од општината на овие фирми ( парадокс сам по себе ), па имаа една неуспешна онлајн анкета која ја преплатија во некоја скопска мативода фирма за јавни мислења или нешто слично и сваќаш дека ајде што немаат слушнато воџиве за овие нови концепти на генерирање на работни места, туку тие немаат воопшто ни добра намера т.е. гледаат брз минорен и пацерски профит на грбот на оние кои уште ни фирма не основале. И кога во моментот помислив дека е сумрак света и не може да оди полошо состанокот, влегува една тетка со сите атрибути ( паларија, марама, штикла 12, снажни масни ткива и шминка како импресионист да ја имат шљакано ) и со добро познатиот партиски тон и боја на гласот ми ги соопштува партиските т.е. општинските директиви на евентуалниот хаб. И во него, бидејќи сме туристичко место, било планирано да се прават ѓумчиња,бардиња, да се ткаат чорапи или да се изготвуваат пајнци од глина и слични дребулии со охридски мотиви и тие да им ги увалуваме на странците по 5 евра комад!

Е дотука за жал е сваќањето на локалната заедница и водство во Охрид за стартап системите, иновацијата и креацијата на работни места. И не им замерувам… Тоа се секако лоботомирани партиски пацови чив најголем услех е што се ракувале со Заев или Мицкоски – ригардлес….

Видов колку е саатот, не можам да учествувам во вакви циркузи, не можам да им објаснам на овие партиски ќутуци каде оди светот, бидејќи нивниот завршува во ќорсокакот на партискиот штаб, и решив да си преќутам и да си одам. Еве сеуште ден денес го отвараат хабот и ги издаваат просториите, а плата сите примаат и глумат зафатени низ ходници.

За жал, нема ни поголемо визионерство ни во Скопје или владата. Со изборот на новиве кадри ( и тоа пази, тоа се кадри кои се строго партиски, без никаков допринос во науката и бизнисот и мора да бидат ухлебени некаде ) им се краде иднината на младите во земјата. Што мислам за овој господин имам изјавено уште пред две години во следниов текст:  Ама ја претеравте и со феминизмов

Имав многу реакции и прашања зошто тоа го објавив за млади луѓе, но времето покажа дека јас бев во право, дека станува збор за плагијатори, сплеткароши и опортунисти. Ова министерката за феминизам и плагијат го докажа брутално досега, остана уште господинов Коста Петров а.к.а. Зиг Зиглар. Јас и сега сум сигурен дека нема да донесе никаков напредок на фондот и нема да се алоцираат парите каде што треба и да се создаваат извозни, напредни, зелени и модерни фирми, туку се ќе оди по брачеди, вујни и партиски коксакингмејтс. За жал, како и со охридското потемкиново село, им се кради иднината на младите.

И сега сервилните ќе прашаат: А добро па кој да ставиме на ова место…. Па имаме луѓе ние кадар за тоа место. Еве, зошто да не е пример Блаже Аризанов или Гого Рафајлоски ? Двајцата докажани и покажани во оваа свера со опипливи резултати… И дома и надвор… Со доволно искуство, знаење и њух за да се стимулираат на прав начин и во право место идеите и иновациите… Ама не, заборавив… овие двајца професионалци уствари немаат партиска книшка… тоа е проблемот…. ОК… штом немаат, продолжуваме да тонеме во безидејноста и да ја губиме иднината. Само продолжете вака, после коронава секој млад и напреден човек ќе ја напушти оваа јазбина, и своите идеи и потенцијал ќе ги реализира во други земји и ќе плаќа чужди даноци, а Вие само седете, мудрувајте, ротирајте партиски принцезички од едно на друго место и меѓусебе лижете си ги и лажете си се колку сте напредни, кул и јаки. Од Вашите каприци и сељачизам ја губиме иднината….Строго партиски во сите сектори, продолжете да правите славни и главни – глупи луѓе, „успехот“ ни е гарантиран… Какви иновации ќе произлезат со вториов плагијатор останува да видиме… Она што видовме од првата плагијаторка е јакиот иновативен пристап на министерката тетка Биберче во однос на нејзините депозити од една пропадната банка и сега за награда мудрува во некој си одбор таму за испумпивање на кеш…..

 

Наум Димитровски