Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2017 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 789 209 МWh електрична енергија, 38.090 мил. нм3 природен гас, 535 674 тони јаглен и 99 083 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 75.2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.4% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.