Според најточната база на податоци за резервите по држави,од Светскиот совет за злато, податоците покажуваат дека Макдонија е веднаш зад Србија која е лидер во регионот.

Според податоците на Народната банка на Србија, од 2013 година, резервите на злато се зголемени во квантитет за 20,7 тони, т.е. тие се повеќе од двојно зголемени и вредат над милијарда евра, поточно 1,1 милијарда и од тој аспект се скоро тројно зголемени.

Второто место на Балканот го зазеде Македонија, која има 6,8 тони резерви на злато. Следат Словенија со 3,17 тони и Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1,09 тони. На последното место е Хрватска, која ги продаде сите резерви на злато уште во 2001 година.