Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2020 година, донесена од Надзорниот одбор на Банката на 24.02.2021 година, изнесува:

– за 1 обична акција бруто износ од 600,00 денари, односно 60,0% во однос на номиналната вредност од 1.000,00 денари.

За предложениот износ на дивидендата за 2020 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 29.03.2021 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2020 година, е 14.05.2021 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 12.05.2021 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 13.05.2021година.

Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 25.05.2021 година.

Собранието на Банката го определува износот на дивиденда, датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда, како и планот за исплата на дивиденда и денот на којшто се исплаќа дивидендата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е кон Предлог-одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година

Комерцијална банка АД Скопје, како друштво чии акции котираат на официјалниот пазар на Македонската берза, во своето работење се придржува на принципите на јавност и транспарентост. Заради навремено и точно информирање на акционерите и на јавноста, согласно глава VI, член 36, од Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската берза на хартии од вредност, котираните друштва се должни однапред да го соопштат предлогот за висината на дивидендата, а веднаш по одржувањето на Собранието на акционери да го објават дивидендниот календар при исплата на дивиденда на сопствениците на акциите на акционерското друштво. Динамиката на активностите поврзани со исплатата на дивидендата се определува во согласност со датумот на одржување на редовното годишно Собрание на акционерите на Банката.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда, односно датумот на стекнување на правото за дивиденда, е датум кога се врши пресек на сопствениците на акциите според акционерската книга за да се утврди кој акционер има право на дивиденда. Согласно Правилникот за котација на хартии од вредност, овој датум треба да биде најмалку 14 дена по завршување на седницата на Собранието на акционерите на друштвото на која, покрај другото, се донесува Одлука за распределба на добивката остварена во претходната година. Се смета дека овој временски период ќе биде доволен акционерите и инвеститорите да ги апсорбираат информациите од oдлуките усвоени од Собранието и да креираат соодветна ликвидност со акциите согласно новите информации.

Се предлага дивидендата за 2020 година да им биде исплатена на акционерите на Банката кои се регистрирани во акционерската книга на Банката на 14.05.2021 година.

Последен ден на тргување со акциите со право на дивиденда за 2020 година согласно предложената одлука е 12.05.2021 година, чие порамнување и регистрирање во акционерската книга според правилата на Македонската берза ќе се случи два работни дена од денот на извршеното тргување, односно на датумот на стекнување право на дивиденда за 2020 година, 14.05.2021 година. Тоа значи дека прв ден на тргување со акциите без право на дивиденда за 2020 година ќе биде 13.05.2021 година, чие порамнување ќе се случи по датумот на стекнување право на дивиденда за 2020 година. Исплатата на дивидендата за 2020 година се предлага да започне од 25.05.2021 година.

За утврдениот дивиденден календар при исплата на дивиденда за 2020 година акционерите ќе бидат информирани преку известување во дневниот печат, и на вебстраницата на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност и на вебстраницата на Банката.