Комерцијална банка сега е нов газда на поранешен ФЕНИ, а сегашен Еуроникел индустри. Банката објави дека го стекнала комбинатот за сума од близу 38 милиони евра.

„Комерцијална банка известува дека на 11.12.2023 година во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО с.Возарци Кавадарци, Банката се стекна со сопственост врз недвижен и подвижен имот за вкупна цена од 37.897.993 евра“, објави банката преку Македонската берза.