Комерцијална банка АД Скопје ги намали променливите каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула кои ќе бидат одобрени по 10.08.2020 година. Поволностите што ги обезбеди Банката овозможуваат станбени кредити чија променлива каматна стапка веќе е под 5% и изнесува 4,5%, односно 4,7% соодветно, во зависност од одбраната опција.

За задоволството да биде поголемо, на граѓаните заинтересирани за купување или изградба на недвижен имот, Банката им нуди кредит со ЕУР клаузула со две опции на каматни стапки по избор на клиентите, а во согласност со нивните можности и потреби.

Првата опција овозможува кредит со фиксна номинална каматна стапка годишно од 2,9% во првите три години и променлива од 4,7% за остатокот од периодот на отплата на кредитот.

Втората опција предвидува фиксна номинална каматна стапка годишно од 3,5% во првите 10 години и променлива од 4,5% за остатокот од периодот на отплата на кредитот.

Рокот за отплата на кредитот е до 30 години.

Кредитите се наменети за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос кои примаат плата на трансакциска сметка во Комерцијална банка или за пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.

Повеќе околу условите на кредитот може да се информирате на следиот линк.