Грижата на Комерцијална банка за задоволството и напредокот на своите вработени резултираше и со награда за освоено прво место за „Добри практики во областа на безбедни и здрави работни места во 2022 година, во категоријата услужни дејности“.

Комерцијална банка е избрана за најдобра компанија која реално и стручно инвестира и имплементира добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени, со што придонесува и за сопствен корпоративен развој.

Наградата се додели по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедни и здрави работни места од страна на Здружението за безбедност при работа „28 Април“ од Скопје, Здружение на инженери за заштита „Тутела“ Скопје и Здружението за заштита при работа на општина Битола.

Оваа награда е уште еден поттик и мотив за Комерцијална банка да остане посветена на задоволството, успехот и благосостојбата на своите вработени, како и на јакнење на тимската работа затоа што заедничкиот успех е најголем успех.