Во скопска Автокоманда повторно почна да работи со клиенти експозитурата на Комерцијална банка, целосно реновирана, со нова дигитална зона 24/7 и достапна за лица со посебни потеби. Клиентите ќе можат да добијат ново корисничко искуство и уште побрзи банкарски трансакции, велат од Банката.

Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички. Тука се лоцирани два банкомати, едниот приспособен за лица со посебни потреби, а на другиот може да се врши и уплата на готовина. Во оваа зона има и дигитален киоск за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. Исто така, може да се испечати и извод од платежна сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка.

Шалтерите во експозитурата се отворени секој работен ден од 08:00 до 17:00, а во сабота од 09:00 до 12:00 часот. Клиентите можат да добија услуги од типот отворање платежна денарска и девизна сметка, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. Исто така, во понудата се кредитни производи, штедни влогови, можност за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси, стручни совети и обука за користење електронска банка и мобилно банкарство за физички и за правни лица.