„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот.

Како верен поддржувач веќе 16 години на детскиот фестивал „Златно славејче“, Комерцијална банка и годинава ќе го помогне неговото одржување затоа што традицијата и детското творештво се меѓу врвните приоритети во стратегијата за општествена одговорност на Банката.

Фестивалот ќе се одржи на 17 октомври во СЦ „Борис Трајковски“, каде над илјадници дечиња ќе имаат можност да ги слушнат петнаесетте нови песнички.