Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија и оваа година придонесе за поквалитетен живот на пензионерите. Банката деветта година по ред е спонзор на Пензионерските спортски натпревари, кои ќе се одржат на 22 септември во Радовиш.На 24-те пензионерски спортски натпревари ќе земат учество членови на сите пензионерски здруженија во Република Северна Македонија. На оваа масовна спортска манифестација учесниците се од сите возрасти, социјални и етнички средини во земјата, а основна цел на Игрите е поттикнување натпреварувачки дух и позитивна животна енергија, социјализација и вклучување на старите лица во општествениот живот.