Комерцијална банка ги известува своите ценети клиенти дека во периодот од 3 јули до 1 септември 2023 година за дел од експозитурите и филијалите на Комерцијална банка ќе се применува летно работно време.

Поради тоа, експозитурите во Скопје: „Водњанска“, „Топанско поле“, „Влае“ и „Ново Лисиче“, нема да работат, додека филијалата во Охрид ќе работи со продолжено работно време до 17:00 часот.

Во периодот од 15 јули до 15 август 2023 година нема да работи и експозитурата Жан Митрев во Скопје кај клиниката Филип II.

Во однос на експозитурите во Скопје кои привремено не работат, наши најблиски експозитури  се „Макпетрол“, „Букет“, „Бутел“, „Цветан Димов“, „Ѓорче Петров“, „Сити мол“, „Лисиче“, „Бисер“, „Јане Сандански“ и „Лептокарија“.

Сите детали за работното време се достапни на следниот линк.