Почнувајќи од денес, 01.08.2022, Банката ќе изврши измена на следните надоместоци за трансакции кои се вршат преку шалтерите:

  1. Уплати во готово од физички лица во корист на сметки во други банки и во корист на сметки на физички и правни лица во Банката и плаќање на сметки за режиски трошоци
Налог од 0,00 – 5.000,00 денари45,00 ден. по поединечен налог
Налог над 5.001,00 денар 55,00 ден. по поединечен налог

2. Исплата во готово од трансакциски сметки на физички лица:

Налог од 0,00 до 60.000,00 денари30,00 ден. по поединечен налог
Налог над 60.001,00 денар   60,00 ден. по поединечен налог

3. Надоместоци за безготовински трансакции во денари:

Налог од 0,00 – 10.000,00 денари  25,00 ден. по поединечен налог
налог над 10.001,00 денар 34,00 ден. по поединечен налог

Безготовински плаќања преку КИБС

Налог од 0,00 – 10.000,00 денари40,00 ден. по поединечен налог
Налог над 10.001,00 денар 50,00 ден. по поединечен налог

Преноси од сопствена сметка кон сметки на други физички лица, во Банката

Налог од 0,00 – 10.000,00 денари  25,00 ден. по поединечен налог
Налог над 10.001,00 денар 34,00 ден. по поединечен налог

Потсетување: провизиите за вршење трансакции преку е-банка и мБанка не се менуваат и се пониски од провизиите за трансакции кои се вршат преку шалтерите на Банката.

Подигањето готовина од банкомат на Банката со дебитните картички издадени од Банката останува БЕЗ НАДОМЕСТ.

Поради промена на референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, од 01.07.2022 година каматната стапка што се применува при пресметување на камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 9.95%, а се добива така што на референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, која во моментот е 2.00%, се додаваат 7.95 процентни поени. Каматната стапка што се применува при пресметка на камата за недозволено пречекорување изнесува 10.00% на годишно ниво.