Комерцијална банка објави промотивна понуда за станбени кредити, која ќе трае до 30 јуни, а во рамки на која клиентите ќе можат да аплицираат без трошоци за одобрување и без трошоци за процена на имот.

Од банката информираат дека кредитот се нуди со фиксна каматна стапка од 3 проценти за првите пет години, рок на отплата до 30 години и можност за грејс период до 12 месеци.

Станбениот кредит е наменет за купување, изградба или реконструкција на дом, како и за инвестиција во недвижности во земјава и во странство.

Во понудата е вклучена и можност за животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот.

Повеќе информации за условите и аплицирањето се достапни на страницата на Комерцијална банка.