По јубилеен 20-ти пат Комерцијална банка е наградена од Европската банка за обнова и развој за „Most Active Issuing Bank in 2023 in North Macedonia“.

Оваа награда од ЕБОР, која Комерцијална банка ја добива 20 години по ред, е признание за тоа што е најактивна банка во земјава во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија.

Со ова Комерцијална банка придонесува за ефикасни меѓународни бизнис трансакции и за развој на меѓународната трговија, што е од клучно значење за одржливост, раст и развој на домашните компании.

Наградата е неприкосновено признание за тимот за документарно работење на Комерцијална банка, кој со својата експертиза и професионално искуство е препознаен не само од клиентите, туку и од меѓународните финансиски институции.