Комерцијална банка АД Скопје е спонзор и на 23-от интернационален фестивал на забавни мелодии „Еврофест 2019“ – добитник на високото признание WAFA – Светска организација на фестивали.

Овој фестивал ќе се одржи на две локации – како дисперзиран проект во родното Крушево на Тоше Проески, каде пејачите од 12 земји ќе положат цвеќе на гробот на Тоше, а вечерта ќе пеат во негова чест. Истата програма ќе биде изведена следниот ден на 21 септември во Домот на АРМ во Скопје.

Со поддржување на овој фестивал Банката уште еднаш придонесува достоинствено да се чествува овој великан, нашата национална гордост, во чија чест ќе пеат победниците – лауреати на европските фестивали заедно со пејачи од земјава.