Комерцијална банка трет пат наградена од Commerzbank AG Frankfurt
Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата Commerzbank’s STP Excellence Award за 2019 година како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во континуитет.
Commerzbank со оваа награда ја потврдува одличната соработка и по трет пат го признава извонредниот квалитет во директната обработка на плаќањата од Комерцијална банка АД Скопје. Високиот степен на ефикасност во директната обработка на меѓународните плаќања значајно влијае врз заштедата на време и на трошоци, што ѝ дава конкурентска предност на Банката.
Наградата претставува уште една потврда за квалитетот на девизното работење во Комерцијална банка, но и обврска за постојано автоматизирање и унапредување на овој сервис.