Експозитурата на Комерцијална банка на приземјето во East Gate Mall е единствената во молот каде 24/7 ви е достапен дигитален сервисен центар.

Новата и модерна експозитура на Комерцијална банка во трговскиот центар East Gate Mall на 29.10.2021 година ги отвора вратите за клиентите со понуда на бесплатни услуги за правни лица и на најсовремени дигитални финансиски услуги за врвно корисничко задоволство. Комерцијална банка им овозможува денарски платен промет без надомест до 31.12.2021 година на правните лица што ќе отворат трансакциска сметка токму во експозитурата во East Gate Mall. Дополнително, правните лица ќе можат, исто така, да уплаќаат и дневен промет без никаков надомест во текот на целиот работен ден до крајот на годината.

Експозитурата на Комерцијална банка на приземјето во East Gate Mall е единствената во молот каде 24/7 ви е достапен дигитален сервисен центар за вршење готовински уплати, исплати и менувачки трансакции на банкомат, плаќање сметки за јавни услуги, подигнување извод од трансакциска сметка.

На сите корисници новоотворената експозитура на Комерцијална банка им овозможува брзо, лесно и ефикасно извршување на финансиските трансакции. Шалтерите во експозитурата се на располагање на клиентите од понеделник до петок, од 9 до 18 часот, и во сабота од 9 до 14 часот и нудат денарски и девизен платен промет, менувачко работење и Western Union, кредитирање физички лица и микрокредити за правни лица, банкарски картички, ПОС терминали и електронска трговија, одобрување дозволено пречекорување, осигурување, пензиски шеми, продажба на удели во КБ Публикум.