Комерцијална банка АД Скопје овозможи современ начин за брзо и едноставно плаќање сметки за комунални услуги преку дигитални киосци, достапни во 24/7 зоните во повеќе филијали и експозитури на Банката.

Преку дигиталните киосци граѓаните можат во секое време да ги платат своите сметки без провизија и без чекање на шалтер.

На киосците може да се плаќаат сметки за ЕВН, ЕСМ – Снабдување, Македонски Телеком, А1 и Телекабел, а плаќањето може да се изврши со платежна картичка издадена од која било банка.

Од Комерцијална банка посочуваат дека целта на услугата е на корисниците да им се овозможи побрзо, сигурно и поедноставно плаќање на месечните обврски во време кое ним им одговара.

Локациите на дигиталните киосци се достапни на интернет-страницата на Комерцијална банка.