Во рамките на деветнаесеттата годишна конференција на Македонската берза што се одржа во Охрид, берзата по единаесетти пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво.

 

И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 107 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2017 година.

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2017 година се избраа:

I место Алкалоид АД Скопје

II место Комерцијална банка АД Скопје

III место Македонски телеком АД Скопје