Комерцијална банка АД Скопје годинава е добитник на две награди од Европската банка за обнова и равој (ЕБОР).

 

 

Наградата „Most Active Issuing Bank in 2017 in FYR Macedonia“ Комерцијална ја добива во континуитет како најактивна банка во ТФП (Програма за финансирање на надворешната трговија) во Македонија.

Наградата „Deal of the Year“ for KB/938“ ја сметаме за особено значајна бидејќи за прв пат се доделува на Комерцијална банка АД Скопје, а се однесува на целиот регион (Европа, Азија, Африка) каде што делува ЕБОР. Со оваа награда Комерцијална банка станува дел од светското семејство на меѓународните експерти за финансирање на надворешната трговија. Зделка на годината („Deal of the year“) – е награда која ЕБОР ја доделува секоја година, почнувајќи од 2000-та, и тоа во три категории:

  1. Зделка на годината за енергетска ефикасност („Deal of the year for energy efficiency“);
  2.  Зделка на годината за социјален импакт („Deal of the year for social impact“);
  3.  Зделка на годината за севкупен импакт („Deal of the year – overall impact“).

Комерцијална банка е добитник на „Deal of the year- overall impact“ за акредитив каде што во трансакцијата се вклучени две земји, активни во меѓународна трговија (trade finance), и две банки кои се оперативно вклучени во ЕБОР -ТФП како издавачки и конфирмирачки банки.

Бидејќи конфирмираните трансферабилни акредитиви бараат повисок степен на специфично стручно знаење и професионално искуство, со оваа награда, уште еднаш, тимот за документарно работење на КБ со својата експертиза се етаблира во меѓународни рамки.