Комерцијална банка АД Скопје го продолжи промотивниот период до 30.09.2018 година за бесплатно дигитализирањe до две Mastercard картички издадени од Банката преку мобилната апликација KomPay.

KomPay е бесплатна мобилна апликација на Комерцијална банка која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места.

 

 

KomPay апликацијата Ви овозможува со помош на дигитализирани платежни картички да се вршат плаќања на ПОС терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања, без употреба на физичката банкарска картичка.

Преку KomPay, мобилниот телефон станува замена за платежна картичка.

Платежните картички од Комерцијална банка може едноставно да се дигитализираат во KomPay апликацијата и безбедно да се чуваат во смартфонот. Со тоа се овозможува бесконтактно плаќање со смартфон наместо со картичка.

KomPay Ви овозможува да изберете со која дигитализирана картичка да се изврши плаќањето. Можностите за користење на дигитализираната банкарска картичка се согласно расположливите средства на сметката на физичката дебитна картичка, односно состојбата на сметката на кредитната картичка.

KomPay е прва ваква апликација достапна на македонскиот пазар и со тоа на нашите граѓани за прв пат им е овозможена најсовремената технологија за овој вид плаќање.

Погледнете го видеото и дознајте повече информации на следниов линк.