Европската унија подготвува план за увозниците на руски природен гас да избегнат кршење на санкциите против Русија, но и во исто време да го исполнат барањето на рускиот претседател Владимир Путин да плаќаат во рубљи.

Европската комисија ќе ги повика компаниите увозници на гас јасно да стават до знаење дека ќе размислат за исполнување на обврските за плаќање на суровината штом ќе направат трансфери во долари или евра.

Брисел нема да им забрани на компаниите да отвораат сметка во долари или евра кај „Газпромбанк“, што ќе им овозможи да купуваат руски природен гас.

Според изворите на агенцијата, токму немањето на ова важно појаснување ги збунува членките на ЕУ и тие инсистираат на дополнителни дискусии на ниво на амбасадори во Брисел. Во оваа фаза, ЕК одбива да го коментира случајот, пренесува “Денар“.

Потсетуваме, Русија го прекина гасот за Бугарија и Полска кон крајот на април, бидејќи двете земји одбија да го исполнат барањето за исплата во рубљи.