Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа организира дводневна годишна конференција за децентрализација и локално управување на тема „Локална самоуправа – време за можности и ревизија“.

Конференцијата ќе ја прогласи за отворена вицепремиерот за економски прашања фатмир Битиќи, а ќе се обратат и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.

Во текот на дводневната конференција ќе се одржат шест сесии на кои ќе се дискутира за теми од клучно значење за процесите на децентрализација и локален економски развој.