Во Скопје денеска се одржува конференција „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, а во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија.

Како што е најавено, на конференција обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски, а во рамки на панел дискусиите ќе учествуваат гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Фатмир Бесими како и претставници од бизнис заедницата.