„Вештини за идни работни места“ е насловот на конференцијата со која  Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës и Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia создаваат платформа за експерти кои можат да се вклучат во отворен дијалог и да споделуваат добри практики за тоа како да се поврзат вештините со идните работни места.

Со поддршка од 🇨🇭 Швајцарската агенција за развој и соработка, дводневниот настан е насочен кон идните стручни вештини, вработувањето на младите и можностите за претприемништво за кои бројни локални и меѓународни експерти ќе дадат придонес и ќе ги покажат идните трендови.
Ваквата платформа за вештини и вработување треба да поттикне размена и соработка на стратешко и оперативно ниво меѓу земјите од регионот и пошироко.