Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Програма за економски реформи – клучен елемент за фундаментален пристап и економското управување во процесот на Европскиот семестар“.

На конференцијата најавено е обраќање на министерот за финансии Драган Тевдовски и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Конференцијата е во организација на Министерството за финансии и ОЕЦД.