Биткоин е голем поторшувач на енергија. Поради објавата на Илон Маск дека Tesla инвестирала 1,5 милијарди долари во биткоин и дека наскоро ќе ја прифати криптовалутата како платежно средство за нивните автмобили уште повеќе ќе се зголеми потрошувачката на енергија.

Во 2018 година веб страницата за зелена енергија Inhabitat напиша дека до крајот на годината биткоин ќе троши исто енергија колку целата земја Австрија. Годинава биткоин по потрошувачката на енергија ја надмина цела Аргентина, покажа најновата студија на Универзитетот Кембриџ. За подобро да го сфатите растот на поторшувачката треба да знаете дека Австрија има околу 9 милиони жители, а Аргентина има околу 45 милиони жители.

После објавата на Tesla вредноста на биткоин рапидно се зголеми. Поголемата вредност значи дека поивеќе компјутери ќе се користат за рударење и ќе трошат повеќе енергија. Како што велат експертите, биткоин е дизајниран да консумира енергија ит оа нема да се смени во иднина освен ако цената на биткоин значително се намали.

Експерти од Универзитетот Кембриџ создадоа алатка која ја пресметува потрошувачката на енергија на биткоин. Имено, биткоин троши 121,36 терават-часови годишно, што е повеќе отколку што трошатХоландија, Обединетите Арапски Емирати и Аргентина. Со таа потрошена енергија би се загревала вода за ќај во Велика Британија во текот на наредните 27 години.