Јубилејниот Копаоник бизнис форум кој годинава се одржа од 4 до 7 март успеа да мобилизира најголем број учесници досега. Повеќе од 1200 учесници во рамките на четиридневниот настан имаа прилика да земат учество во 22 панели, три пленарни седници, шест специјални настани и три засебни обраќања до присутните. Вкупно форумот траеше 40 часови. Сите донесени заклучоци на годинашниот форум ќе бидат преточени во документ Копаоник консензус, кој ќе биде достапен на користење, не само на стручната, туку и на пошироката јавност, како и на Владата на Република Србија, Народната банка во Србија и до креаторите на економската политика.

Претставник од Македонија на годинашниот форум беше еден од најуспешните македонски бизнисмени, мнозинскиот сопственик на М6 Инвесмент груп и претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, кој беше говорник вториот ден од форумот во рамките на Панел 3 на тема „Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област“.

 

 

„Јубилејниот Копаоник бизнис форум покажа дека добрите макро економски услови треба да се претворат во одржлив раст, но и без подигнување на нивото на инвенстиции нема да има значаен раст. Приоритет треба да биде реструктуирањето на јавните претпријатија, а исто значи и за оние кои се во државна сопственост. Централни теми на форумот беа дигитализацијата, образованието, креативната економија, развој на науката, геополитичката позиција на Србија и со кое темпо таа напредува кон ЕУ, понатаму, реализација на структурните реформи, реструктуирање на државните претпријатија, завршувањето на приватизацијата и како паралелно да се подигне нивото на инвестиции во Србија, без кои нема значаен раст“ истакна на затворањето на форумот. Александар Влаховиќ претседател на Сојузот на економисти и претседател на програмскиот одбор на КБЗ.

Понатаму Влаховиќ истакна дека форумот не е место каде се донесуваат одлуки, туку платформа за аргументирана расправа и размена на различните мислења во политичкиот, економскиот и бизнис светот.

На форумот беше заклучено дека форумот ги дијагностицира проблемите, кои понатаму треба да се хармонизираат и усмерат во вистински правец.

Сите учесници подеднакво, тие од бизнис елитата, преку претседателот на земјата, министрите до професорите ја поддржуваат ориентацијата на Владата кон дигитализацијата и секој од нив имаше конструктивни предлози.

Во рамките на форумот земаа учество политичкиот врв на Србија, поголемиот број министри во Владата на Република Србија, гувернерот на Народна банка на Србија, најзначајните стопанственици од банкарскиот и осигурителниот сектор, како и претставници од секторите туризам, енергетика, земјоделство, фармацефтската индустрија, јавните претпријатија, локалната самоуправа, меѓународните финансиски организации (EBRD, EIB, IFC, WB, MMF), претседателот на Фискалниот совет, како и многу домашни и странски економски теоретичари и претставници на медиумите.

Следниот Копаоник бизнис форум ќе се одржи од 3 до 6 март 2019 година.