Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“.

Кованата пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 грама, чистота на среброто од 19,43 грама, во квадратна форма со димензии 37 х 37 милиметри, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 милиметри.

Цената на кованaтa парa „Бик“ изнесува 2.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: [email protected],  или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.