Потрошувачката на нелегални, односно фалсификувани цигари во ЕУ во текот на 2020 година, во споредба со 2019 година, е скоро двојно зголемена. Таа потрошувачка се зголемила за цели 87 проценти, се вели во студијата на КПМГ.

Уделот на нелегални цигари, кои се додадени на фалсификувани и шверцувани цигари, во моментов е на 7,8 проценти, што е околу 34 милијарди цигари.

– Еден фактор во порастот на фалсификувани цигари во ЕУ е пандемијата на коронавирусот, нагласува Александар Шенегер, директор на Филип Морис во Австрија.

Поради затворените граници, мобилноста на граѓаните, но и на криминалните групи е намалена.

Во текот на минатата година беа откриени 129 објекти за производство на лажни цигари во Европа, а една година порано беа 93 повеќе. Цигари биле нелегално произведени во дури 16 земји, четири повеќе отколку во 2019 година.

Според Шенегер, само во Полска се откриени 80 производствени погони на лажни цигари. Потоа следува Грција со осум, Белгија со шест, па Шпанија со четири.