Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) усвои мислење на пленарна седница за Западен Балкан, главната препорака е да инвестирање во младите генерации.

Европскиот економски и социјален комитет е телото каде се застапени работниците, работодавачите и граѓанското општество, тој работи од блиску со сите други институции на ЕУ и им поднесува мислења, препораки и извештаи.
Во последниот извештај од пленарната јулска седница Комитетот се осврна на Западниот Балкан, и бара од владите во овој регион да се справат со проблемите со кои се соочуваат младите луѓе.

-Потребно е да се одвои доволен и транспарентен буџет за развој на младинската политика и вклучувањето на младите во процесот на пристапување кон ЕУ како предуслов за создавање позитивни промени и подобрување на состојбата на младите во регионот, вели ЕЕСК.

Извештајот констатира дека регионот се соочува со голем одлив на мозоци кај младите генерации, висока невработеност, недоволно образование и недоволни вештини.
Ко-известувачот Андреј Зорко ги повика сите шест земји од регионот да се усогласат со политиките на ЕУ во оваа област и да одвојат поголеми инвестиции за развој на младите.

-Развивањето на национални младински и политики и овозможувањето младите да учествуваат во креирањето на тие политики е од огромна важност, изјави Зорко.
Според ЕЕСК важно е да се работи на образованието, мобилноста и вработувањето на младите како главни цели, меѓу другото преку Економскиот и Инвестициски План на ЕУ за Западен Балкан.

Комитетот истакнува дека младите се во незавидна положба на пазарот на трудот во регионот, а стапката на лица кои не се ниту вработени, ниту запишани на училиште или на обука, помеѓу 15 и 24 годишна возраст изнесува 23,7 отсто во просек за цел Западен Балкан. Одливот на млади од регионот е долгогодишен проблем, додава Комитет, и една од причините за ова е што младите немаат пристап до квалитетно образование, а можностите за кариера им се ограничени.
ЕЕСК смета дека образовните системи на Западен Балкан имаат “очајна потреба од реформи“ и “треба да бидат подобро поврзани со потребите на пазарот на трудот“.