Биткоинот денес се врати на околу 50.000 американски долари во азиското тргување, бидејќи падна дури за 17% откако Елон Маск објави на Твитер дека Тесла престана да ја прифаќа оваа валута за да ги продава своите возила поради еколошки причини.

„Загрижени сме за зголемената употреба на фосилни горива за експлоатација и трансакции со биткоин, особено јаглен, кој има најлоши емисии од било кое гориво“, напиша Маск.

Цената на најголемата криптовалута во светот падна од околу 54.819 на 45.700 долари, што е најниска од 1 март, нешто помалку од два часа по овој твит на Елон Маск, но азискиот пазар закрепна за околу половина од тој пад и се тргуваше за последно, за околу 50,196 долари за еден биткоин, пренесува Ројтерс.

Етериум, втората по големина крипто валута во светот, следеше сличен модел, исто така, падна за 14 проценти и достигна најниско ниво од 3.550 долари, пред да се врати на околу 3.965 долари.

Претходните соопштенија на Тесла за купување на 1,5 милијарди долари биткоин и дека ќе ги прифати како плаќање за неговите автомобили се еден од факторите кои предизвикуваат зголемување на вредноста на дигиталните белези оваа година.