За трансформацијата на Португалија има големо значење кариерата на Жоао Баптиста. 34-годишниот претприемач го отворил првиот свој бар во 2011 година, во средината на финансиската криза во еврозоната. Сега, по 6 години, тој поседува 5 од најтрендовските барови во Лисабон, а го отвори 6-тиот летово во Порто.

Португалија беше една од земјите во криза, меѓу кои и Ирска, Грција и Шпанија. Сега, земјата често се зема како пример за економско оживување и наидува на позитивни критики од интернационалните институции. Што ја поттикна таа промена и дали ќе потрае?

Португалија доби финансиска помош во 2011 г. од 78 милијарди евра од Европа и од Интернационалниот монетарен фонд. За време на кризата стапката на невработеност достигна дури 18 проценти, а кај младите лица дури и до 40 проценти. По многу фискални и економски реформи, под супервизија на Европската Унија и Интернационалниот монетарен фонд, Португалија постепено се ослободи од интернационалната помош. Оттогаш економијата напредува. Годинава бележи 2,5 процента раст и намалување на невработеноста под 10 проценти.

Експертите сметаат дека економското заздравување на земјата настана поради политиките на Европската централна банка, а не поради владата во земјата. Банката го држеше еврото на ниско ниво, поддржувајќи го извозот. Сепак, од владата сметаат дека и нивните мерки за штедење довеле до подобрување на економијата. Тие спроведоа намалувања на пензиите и на платите, но сепак земјата се смета за една од најранливите економии и покрај сегашната стабилна состојба.

Но сепак земјата уште има долгови. Буџетот од 2018 година можно е да биде тест за владата. Следуваат и локални избори, кои може да значат дополнителни ослободувања од политиките за штедење. Многумина критикуваат дека состојбата е само моментална илузија, а не вистинска промена. Но, и оваа и претходната влада го поддржуваат туризмот, кој е напреднат во значителна мера. Во првите 4 месеци од 2017 година Португалија примила повеќе од 5,3 милиони туристи.

Претприемачите и граѓаните сметаат дека се потребни уште повеќе мерки за подобрување и поттикнување на економијата, најмногу во делот на туризмот и индустријата