360_brhistory_0504Кредитните картички како што ги знаеме денес (Visa, Mastercard, American Express, итн) за прв пат се појавија во 1958 година, кога Bank of America ја издаде BankAmericard.

Тоа беше првата кредитна картичка на располагање на потрошувачите од средната класа како и малите и средни трговци на мало во САД. BankAmericard беше меѓу првите светски брендови коj подоцна стана Visa.

Mastercard се појавува во 1966 година, но корените оваа картичка ги влече години наназат. Таа се појави во Бруклин, кога Flatbush National Bank издава картички за локална употреба во 1947 година.

Локалните трговци беа во можност да ги заложат сметките од продажба во банката, а банката ќе му издаде меница на муштеријата со која би обавил купување.

Голем чекор напред кај картичките се случи во 1950 година кога Diners Club картичката стана првата платежна картичка. Идејата за тоа основачот на Diners Club Френк Мекнамара ја добил кога бил на вечера и кога сфатил дека неговиот паричник го заборавил во друго одело, што го инспирирало да направи картичка, која би им овозможила на гостите во рестораните да ги намируваат своите сметки на крајот од секој месец.

Тие биле платежни картички, што значи дека сопственикот на  картичката мора да ја плати сметката во целост кога ќе дојде време, за разлика од кредитните картички, каде што трошите позајмени пари.

American Express исто така нудела платежни картички кога за прв пат се појави во 1958 година, но со издавање на кредитни картички започнала во 1987 година.