Ohridska bankaВо соработка со осигурителната компанија Grawe за прв пат на пазарот Охридска банка нуди кредити со кредитно животно осигурување за посигурна иднина.

Овој иновативен продукт овозможува заштита на клиентот и неговото семејство доколку се случи несакан настан, во тој случај осигурителната компанија ќе ја подмири недоспеаната главница од вашиот кредит што го должите во Охридска банка.

Со понудата се опфатени сите видови на кредити за физички лица од Охридска банка. Право да аплицираат имаат физички лица на возраст од 18 до 67 години на денот на аплицирањето за нов кредит и лица кои се веќе корисници на кредит во Охридска банка. Осигурителната премија изнесува 0,85 % годишно од износот на кредитот и е вклучена во месечната рата за кредит.

Со осигурувањето се покриени следниве ризици:

  • Смрт како резултат на несреќен случај и/или болест
  • Целосна и трајна инвалидност како резултат на несреќен случај или болест
  • Трајна и целосна загуба на способноста како резултат на болест или несреќа

За подетални информации  можете да ги посетите експозитурите на банката или веб страната www.ohridskabanka.mk